Како да штедите кога немате доволно пари

247

Ова е прашање што веројатно многу луѓе си го поставуваат. Лесно е да заштедите кога имате многу пари, но како да оставите нешто настрана ако живеете од први до први? Во продолжение мал водич од Скот Алан Тарнер, милионер и автор на 99 Minute Millionaire,  наменет за луѓе кои се грижат како ќе го отплатат заемот, дали ќе имаат доволно за сите трошоци и како ќе отплатат сè што треба .

Покријте се колку што е јорганот долг

Секој месец потрудете се да не потрошите повеќе од она што заработувате. Како можете да го постигнете ова? Со изготвување детален план за трошење што ќе ви покаже каде оди и најмалата сума од вашите пари.

Само основното

Трошете за она што ви е неопходно за живот – храна, гардероба, кирија, режиски трошоци, превоз. Сè што не е на тој список, а сепак ви влече пари не ви е неопходно. Тоа се вашите желби. Желбите се во ред, но не кога сметката ви е на нула.

Подгответе се за вонредни ситуации

Фонд за итна помош е одредена количина на пари кои ги ставате на страна за непредвидливи трошоци. Луѓето кои немаат таков фонд се потпираат на својата картичка за да ги покријат трошоците. Кога го немате овој фонд, не можете да излезете од магичниот круг на трошење и позајмување. Ако го немате, секој пат кога ќе ви се случи нешто неочекувано, ќе мора да позајмувате. И не можете да излезете од долгови со одење во нови.

Одберете износ

Важна работа кога сакате за заштедите е да одберете износ којшто може да го тргнете на страна. Тоа е износ кој ви одговара на моменталната ситуација.

Почнете да создавате навика да оставате нешто на страна секоја недела или секој месец.

Во ред е да започнете со мали износи. Сигурно не можете да очекувате да заштедите голема сума одеднаш. Замислете како би изгледало ако некој што не истрчал ден во животот, да одлучи да трча на маратон?

Фото: Freepik