Како до успешна интернет продажба?

257

Продажбата претставува посакувана за завршница за секој произведен производ или услуга. Врз нејзиниот обем и динамика влијаат голем број фактори, некои директни, а други индиректни. Продавачите најдобро знаат дека во текот на продажбата може да се соочат со бројни предизвици, како што е пандемијата на коронавирусот што владее во овој момент. Освен што предизвикува страв и загриженост, ширењето на Ковид – 19 прави сериозни промени во нашите навики. Една од тие навики е таканареченото потрошувачко искуство.

Доколку досега сте имале класичен пристап кон продажбата, не ставајте клуч на вратата од вашиот бизнис, туку послушајте ги овие совети за да отворање на ефикасна интернет продавница:

Нека изгледа едноставно и функционално

Бидејќи вашите купувачи не можат да остварат директна комуникација со вас, изгледот на интернет страницата е пресуден за оставање добар прв впечаток. Затоа, изберете сајт што е прегледен, едноставен, функционален, модерен и разбирлив. Важно е да не биде конфузен и пренатрупан со текст.

Live chat

Оваа алатка за разговор во живо може да ви биде посебно корисна ако сакате да оставите впечаток дека сакате непосредна комуникација со клиентите. Така ќе успеете да им дадете одговор на сите прашања што ги имаат, може да ги посоветувате, да им посочите кој производ, од оние што ги нудите, е идеален за нив. Некои истражувања покажуваат дека дури 80% од купувачите не сакаат да купат онлајн некој производ, ако на сајтот нема live chat.

Понудете гаранција за враќање на парите

Поставете јасни правила според коишто треба сите засегнати страни да бидат целосно заштитени. Целта на продавачот е да го продаде својот производ, но во услови кога нема непосредна комуникација и физички контакт, можно е купувачот да не биде задоволен. Наместо да бидете ригидни, овозможете поврат на пари, доколку купувачот не е задоволен, но под услов да не е отворан или оштетен производот, на пример. Колку се појасни правилата на игра, толку повеќе ќе бидат заинтересирани купувачите да соработуваат со вас.

Дајте повеќе можности за плаќање

Доколку обезбедите повеќе можности за плаќање, во тој случај производите што ги нудите им стануваат достапни и на оние кои сакаат да купат откако ќе им биде доставен производот или оние кои сакаат онлајн да го завршат плаќањето.

Бидете иновативни и креативни

Технологијата дава големи можности, затоа не се двоумете да ги искористите. Тие ќе ве направат да бидете еден чекор пред конкуренција, а уште поблизу до купувачите. Ако немате сопствена достава, тогаш одберете партнер во којшто имате целосна доверба за да можете да бидете сигурни дека купувачите ќе го добијат својот производ во времето кога им е ветено.

Фото: Pixabay