Како Гејтс му го честита 90-от роденденот на Бафет?

63

Милијардерот Бил Гејтс на оригинален начин му го честита 90-от роденден на неговиот пријател Ворен Бафет, пренесува CNN.

Гејтс сам направи торта со Oreo колачиња, а на врвот го ставил ликот на Бафет. Преку видео порака од 60 секунди, Гејтс ја подготвува тортата, сече парче од тортата, ја става на чинија и му го честита 90-от роденден на неговиот пријател.

Инаку, Бафет е познат како голем љубител на тортите, а познат е и по тоа што дневно пие по неколку лименки Coca Cola дневно.

Гејтс и Бафет се запознаа на петти јули 1991 година, па од тогаш нивното пријателство трае до денес.

“Од сите работи што ги научив од Ворен Бафет (а научив многу), најважното нешто е пријателството. Од таа причина многу го ценам“, напиша Гејтс на Twitter.

Фото: Twitter