Како изгледа лет во време на пандемија?

47

Скоро сите граници во Европа се повторно отворени, што ќе доведе до зголемување на бројот на патници во авиосообраќајот. Но, оние кои ќе сакаат да се возат со авион, ќе мора да обрнат внимание на неколку важни детали, пренесува SEEbiz.

Како да се однесувате на аеродром?

Најважно од сè е да не ја заборавите заштитната маска за лице. На сите аеродроми во ЕУ, патниците мора да носат заштитни маски и тоа од моментот кога ќе влезат во аеродромот, сè додека не го напуштат. Од тоа правило се изземаат децата до шестгодишна возраст и лица кои не можат да ги носат поради здравствени причини. Освен тоа, патниците мора да ги менуваат маските на секои четири часа и редовно да ги дезинфицираат рацете.

Што се промени кај предавање на багажот и при влегување во авион?

Кога станува збор за багажот, во најголем дел од аеродромите во Германија сега важи правилото дека секој патници може во авионот да понесе само едно парче рачен багаж. Со тоа би требало да се намали опасноста од зараза кај безбедносната контрола. Но, и кај регистрација на патниците и контрола важи правилото за одржување дистанца од метар и половина.

Што е со храната и пијалаците?

Доколку планирате да јадете или пиете додека чекате на аеродром, мора да имате на ум дека не се отворени сите ресторани и продавници. Но, јадење и пиење е дозволено, без оглед на задолжителното носење на маски.

Дали има здравствени контроли?

Засега на аеродромите во Германија не е задолжително мерење на телесната температура. Lufthansa на своите патници сака да им понуди корона тест пред полетување, а се очекува тоа да се спроведува на аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Колкава е опасноста од зараза во самиот авион?

Минимална – барем така велат авиокомпаниите и производителот на авиони, Airbus. Како причина за тоа се наведува фактот дека во воздухот во авионите циркулира одозгора надолу. Така, капките што се ослободуваат преку дишење завршуваат на подот на авионот, а летаат во лицето на соседниот патници.

Дали ќе има слободни седишта поради држењето на потребна дистанца?

Експертите уверуваат средишните седишта во авионите да останат празни или да се ослободуваат цели редови. Таква препорака има и Европската агенција за безбедност на авиосообраќајот. Но, авиокомпаниите мора да се придржуваат кон тоа правило ако е возможно со оглед на бројот на патници.

Фото: Freepik