Како ја дефинираме работата од соништата?

149

Што е работа од соништата и дали постои таква?

Нема човек кој не си замислил како би било кога секојдневната работа би била уживање. Дали е возможно да се будиме весели и среќни наутро и со огромна волја и желба да одиме на работа?

Според некои познати и успешни луѓе секако да е, само треба да го сакаме тоа што го работиме.

Единствен начин да бидете задоволни во целост е да го правите тоа во што верувате. А единствен начин да бидете одлични во работата е да ја сакате. – Стив Џобс

Работете го тоа што го сакате. Ќе станувате наутро скокајќи од кревет. Ако прифаќате работа што не ја сакате, само за да ви стои во биографијата, вие сте “избегале со умот“. – Ворен Бафет

Нема успех без најпотребната карактеристика, а тоа е вистински да се сака тоа што се прави. Само ако ја сакате работата, ќе успеете. – Малколм Форбс

Соништата можат да се остварат, ако имаме желба да ги следиме.- Волт Дизни

Најголемата слабост на човекот е во откажувањето. А најдобар начин за да се успее е секогаш да се пробува, барем уште еднаш. – Томас Едисон

Нема да бидете среќни ако се одлучите за живот што е помалку вреден од она што сте способни да го направите. – Нелсон Мендела 

Речиси секој може да ги оствари своите соништа ако има доволно желба и одлучност да се обидува одново и одново. – Хауард Шулц 

Никогаш не е доцна да бидете, она што можете да станете. Џорџ Елиот

Фото:Pixabay