Како компаниите ја опишаа 2020 година со еден збор

44

Пред неколку недели компанијата Тwitter на својот профил објави пост 2020 in one word (2020 година со еден збор), односно побараа од корисниците на оваа мрежа да ја опишат 2020 година со еден збор.

Многумина едвај чекаат да помине оваа кризна година, бидејќи беше обележана со пандемијата од Ковид-19 од самиот почеток до самиот крај, којашто ќе трае во 2021 година. Сепак, треба да се остане оптимист и да се задржи доза на хумор, колку што може повеќе, така што светските компании се обидоа да одговорат креативно на објавата од Тwitter.

Lego, кој кажа сè со еден коментар, поточно – со фотографија. Данскиот производител на играчки објавија фотографија од нивното парче, поточно црвен правоаголник и напишаа Ух, со емотикон стапало. Ако барем еднаш сте стапнале на парче лего коцка, тогаш е јасно колку е непријатно чувството.

Microsoft напиша 404, алудирајќи на грешка HTTР што значи дека страницата преку која сакате да пристапите до веб-страницата не е пронајдена на нивниот сервер.

Овие две компании, заедно со Lexus, ги дадоа најинтересните одговори. Lexus објавија кратко видео, кое покажува како индикаторот за нивото на горивото во резервоарот нагло паѓа, додека се пали жолтото светло.

Другите не беа толку креативни, на пример, Zoom само напиша “нестабилен“, Windows – “избриши“, Netflix – “зоштооооооооооооооо?“, YouTube – “отпиши се од претплата“ и Мessenger 2020 година ja опишаа со зборот “не е испратен“.

Фото: Pixabay