Како оваа соседна земја стана светски лидер во производство на лаванда?

356

Ако првата асоцијација на лаванда е живописно поле обоено во виолетова боја, тогаш најверојатно со мислите ќе одлетате во француска Прованса. Меѓутоа, во последните години, Бугарија ја надмина Франција и стана светски лидер во производство на масло од лаванда, пишува ВВС.

Во срцето на бугарската долина на розите, во подножјето на планинскиот масив, полињата околу малото село Тарничени добива виолетова боја секоја доцна пролет. Во меѓувреме, француското производство на лаванда доживеа огромни загуби во последната деценија, поради бактериски инфекции.

“Некој требаше да ја пополни празнината“, вели Филип Лисичаров, сопственик на дестилерија за есенцијални маска. Тој ја презел во 1992 година, по падот на комунизмот и денационализација, но тој бизнис во неговото семејство е почнат во далечната 1090 година.

Бугарија била најголем производител на лаванда во 70-тите и 80-тите години на минатиот век. “Круната“ на Франција, Бугарија ѝ ја одзема во 2012 година, а нејзините плантажи денес се простираат на површина од 180 квадратни километри.

Според експертите, евтината работна сила, добрата клима и долгата традиција на одгледување се главни предности на Бугарија за одгледување лаванда. Бугарија, според податоците, има најниска цена на работната сила од шест евра на час, во споредба со 36,60 евра во Франција.

Фото: Freepik