Како Триглав ќе ја распореди добивката од лани?

38

Триглав Осигурување донесе предлог одлука за распоредување на остварената чиста добивка за 2020 година.

“Чистата добивка остварена во 2020 година, во износ од 15.245.682 денари се распоредува на: резерва за сигурност (законски дел) во износ од 5.081.894 денари и инвестиции во износ од 10.163.788 денари“, стои во предлог одлуката, што ќе се најде пред Собранието на акционери на 31-ви мај оваа година.

Неискористениот дел од резервите за инвестиции за 2020 година, во износ од 2.546.086 денари, како што се наведува, се враќа во нераспределена добивка.