Како возовите произведуваат струја?

54

Возовите при сопирање и влез во метро станиците ослободуваат енергија. Јавното претпријатие за јавен превоз во Виена, Wiener Linien, го разви системот Brake Energy преку којшто ослободената енергија во метроата се претвора во струја за напојување на ескалатори, лифтови и осветлување, пренесува Regionews.at.

Во австриската престолнина засега овој систем се спроведува во две метро станици. Пресметките покажуваат дека тие може да рециклираат од три гигават час електрична енергија, што е потрошувачка на околу 700 домаќинства и заштеда на околу 400 тони јаглерод диоксид, што би се ослободил во атмосферата.

Овој проект започна во 2018 година во една метро станица, оваа година е поставен на уште една, а во иднина планирано е да се постават вакви системи на уште четири метро станици.

Фото: Freepik