Каков личен асистент му е потребен на еден инфлуенсер?

70

Популарен јутубер, чие име останало непознато за јавноста, но кој има 10 милиони следбеници, на крајот на јули објавил оглас за работа што бил прилично чуден и предизвикал бура од реакции.

Преку платформа за огласување слободни работни места, јутуберот од Лос Анџелес побарал личен асистент, наведувајќи многу услови што треба да ги исполни потенцијалниот кандидат. Меѓу условите, што биле и малку нереални, биле: да престојува во неговиот работен простор осум часа дневно, да чисти, да готви, да комуницира со продуценти, менаџери, да му биде достапен на мобилен телефон во секое време, да биде во контакт со неговите пријатели… Меѓу чудните барања што инфлуенсерот ги навел се и тоа асистентот да го буди секое утро, да му го кажува распоредот на дневни активности, да му носи кафе, појадок… Како надоместок за овие активности, асистентот би добил меѓу 25 и 30 долари.

Листата на услови била премногу долга, а инфлуенсерот бил дециден и кога станува збор за личните особини на асистентот, кој морало да биде мирен, повлечен и професионален, постојано да контактира со неговите клиенти, а во текот на годината да има само неколку слободни денови, но и секогаш да биде подготвен за патување во странство.

Не е познато дали некој би можел да ги исполни сите овие услови, но познато е дека брзо откако бил поставен, огласот “исчезна“ од интернет.

Фото: Freepik