Каква ќе биде глобалната економија во 2014?

17

global_economyПроблемите на американската, кинеската и европската економија и понатаму придонесуваат економистите претпазливо да гледаат во иднината. Податоците навестуваат дека некои неизвесности што ја следеа 2013 година би можеле да исчезнат со почетокот на оваа година, но економистите се внимателни. И покрај постојаното подобрување, невработеноста во САД и понатаму е на високо ниво. Европската криза е далеку од крајот, а кинеската економија продолжува да успорува. Сепак, по неколку изминати години што ги одбележаа кризата, финансиски пакети за помош и мерки на штедење, економистите, иако со претпазливост, конечно најавуваат дека доаѓаат подобри времиња. Најсилната светска економија, САД, веќе објави позитивни прогнози за економски раст, а Кина, која според својот календар влегува во годината на коњот, се надева на позитивни промени. Русија, пак, голема надеж полага во Зимските олимписки игри во Сочи, пишува Ал Џазира.

Русија се надева дека Игрите во Сочи ќе ја направат светска дестинација за спортски подготовки, не само на зимски, туку и летни, затоа што овој град на брегот на Црното море од претходно е познат како летно туристичко одморалиште.

Оваа година би требало да биде добра и за Африка. По годишната стапка на раст од 4,8% во 2013 година, Африканската развојна банка предвидува растот да достигне 5,3%, проследен со силен развој на услужниот сектор и зголемување на активностите во рударството и земјоделието.

На Блискиот Исток се очекува некои од земјите на Арапската пролет, кои и понатаму се политички нестабилни, да се соочат со економски потешкотии во 2014 година, јавува Гласот на Америка.