Каква прогноза дава “Доктор пропаст“ за глобалната економија

121

Иако Рубини не сака да ја исклучи можноста за слабо закрепнување во форма на U оваа година, голема депресија во форма на L ќе следи подоцна во оваа деценија. За тоа како што наведува во текстот за Project Syndicate, структурни проблеми се одговорни за тоа, од кои некои постоеле пред финансиската криза 2007-2009 година, а кои потоа би можеле да се влошат со политички грешки.

Рубини наведува 10 ризични трендови

1.Првиот катастрофален тренд е растот на долговите и ризиците кои произлегуваат од тоа. Владите започнаа програми за помош за ублажување на економските последици од кризата со корона. Како и да е, многу држави ќе мора да се борат со огромна планина на долгови. Уште полошо е во приватниот сектор: губењето на приходите на домаќинствата и компаниите може да предизвика бројни банкротства.

2.Загрижувачки е и демографскиот развој во индустријализираните земји. Кризата со короната покажа дека треба итно да се вложат повеќе пари во здравството.

3.Како резултат на постојниот здравствен ризик, многу фабрики се затвораат, работниците се отпуштаат, а цените на суровините, како нафтата и индустриските метали, паѓаат. Поради тоа, ризикот од дефлација се зголемува, т.е. постојан пад на нивоата на цените.

4. Американскиот економист е исто така загрижен за претстојната девалвација на валутата. Не само што владите презедоа невидени мерки за борба против економското влијание од тековната криза. Меѓународните централни банки, исто така, масовно интервенираат на пазарот и ги отворија своите врати.

5.Корона кризата, исто така, ги изложи ризиците на глобализираната економија кога дојде до прекини во снабдувањето од регионите погодени од епидемијата. Затоа, Рубини очекува дека многу компании во иднина ќе се потпираат повеќе на домашните добавувачи. Сепак, вработените нема да имаат полза, бидејќи тоа дополнително ќе го забрза зголемувањето на автоматизацијата.

6.Според Рубини, корона криза исто така ќе го забрза трендот на фрагментација што веќе постоеше. На пример, економиите на Соединетите држави и Кина ќе се одвојат едни од други уште побрзо. Покрај тоа, многу влади ќе преземат протекционистички мерки за да ги заштитат своите компании и вработени од глобално нарушување. Во времето по кoроната, економскиот експерт очекува ограничувања за движење на стоки, услуги, капитал, труд, технологија, податоци и информации.

7.Рубини исто така се плаши дека кризата ќе го охрабри популистичкото, националистичко и ксенофобично размислување. Бидејќи, во време на зголемена економска несигурност, странците честопати беа одговорни за кризи.

8.Короната го влошува конфликтот меѓу САД и Кина. Администрацијата на Трамп веќе се обидува да ја обвини Кина за избувнување на пандемијата. За разлика од тоа, Пекинг го гледа само како обид на САД да го спречат подемот на Кина. Според тоа, кинеско-американската поделба на трговијата, технологијата, инвестициите и податоците ќе се случи уште побрзо, смета Рубини.

9. Но, американскиот економист оди уште подалеку и предупредува дека дипломатските тензии би можеле да доведат до нова студена војна меѓу САД и нејзините противници.

10. На крајот,Нуриел Рубини истакнува дека луѓето се одговорни за епидемии и климатски промени. Тој стравува дека во иднина овие проблеми ќе се појавуваат почесто и поинтензивно и дека трошоците за нив ќе се зголемат.

Фото:Facebook