Какви очекувања има Maersk за оваа година?

15

Данскиот логистички гигант Maersk очекува “исклучително силни“ резултати оваа година поради зголемената побарувачка за контејнерски превоз на товар, предупредувајќи на таканаречени “тесни грчи“ во транспортот и недостиг на контејнери и опрема.

“Силната побарувачка доведе до ‘тесни грла’ и недостиг од капацитети и опрема, поради што возарините поскапеа на рекордно високо ниво“, вели Сорен Ско, директор на Maersk.

Поради тие фактори, компанијата минатата недела ги зголеми проценките за добивката за годинава од 8,5 до 10,5 милијарди на 13 до 15 милијарди долари.

Проценката за раст на глобалната побарувачка на контејнери е зголемена од три до пет на пет до седум отсто.

Фото: Pexels