Какви видови на деловни патници постојат?

112

Патувањата секогаш носат нови искуства, без разлика на тоа дали патувате на неколку километри од дома или работа или пак на некоја далечна дестинација. Деловните или бизнис патници се луѓе кои често пати патуваат меѓутоа не за да одморат, туку тоа им е во природата на работата. За нив пакувањето на куферот со костуми, одржување состаноци на различни места, чекирање билети на различни аеродроми… се составен дел од работата.

Според нивните карактеристики, може да се разликуваат неколку видови на деловни патници.

Прецизен патник што се води по строго утврден план

Овие деловни патници пред да заминат на пат, секогаш имаат добро организирана агенда и ништо не оставаат на случајност. Една од одликите на овие луѓе е тоа што секогаш ги проектираат активностите што ќе ги прават, колку време ќе се задржат на состанок, на колку време ќе го проверуваат мејлот, ќе сакаат да ги имаат “сите конци“ во раце.

Изморени од патување

На овие луѓе веќе им е “преку глава“ од патување. Досега биле на најразлични места, запознале секакви луѓе, склучиле договори на необични и далечни дестинации, па веќе се презаситени од тоа искуство. Најчесто, ваквите луѓе треба малку да одморат и да им ги препуштат честите патувања на помладите колеги или оние кои многу помалку имале шанса да шетаат и работат низ светот.

Пaтник почетник

Можеби “наоружан“ со искуство од колегите кои веќе се изморени од патувања или се самите втурнати во тој “оган“. Овој вид на патници се почетници во оваа работа. За нив секое патување е откривање на нови детали, непознати места, необични дестинации, уште понеобични манири и однесување на деловните партнери од остатокот од светот.

Патник кој постојано се грижи

Иако е нормално да биде загрижен бидејќи мора да патува и да ги заврши обврските на место што е далеку од дома и работното место, овој профил на патници постојат имаат чувство дека нешто заборавиле, дека нешто им недостасува. Таквата состојба може да им предизвика дополнителен стрес и да не им дозволи да уживаат во патувањето и времето поминато далеку од канцеларија.

Фото: Pexels