Камбоџа почнува со производство на нафта

106

Камбоџа почнува со производство на нафта. Резервите во оваа земја, што важи за една од најсиромашните во југоисточна Азија, се проценуваат на стотина милиони барели.

“Произведени се првите капки нафта… новиот успех на економијата на Камбоџа доаѓа нова година и добивме голем подарок за нашата земја, а тоа е производство на нафта на наша територија“, напиша премиерот на Камбоџа, Хун Сен на Facebook.

Тој е на власт во земјата цели 35 години, а оцени дека нема место за загриженост кога станува збор за транспарентна и правилна употреба на тоа природно богатство.

Тајланд и Малезија уште од 80-тите години на минатиот век експлоатираат нафта, а Камбоџа доцни иако првите резерви се пронајдени во 2005-та година.

Фото: Freepik