Во хрватскиот туристички град Истра, во текот на неделата има околу 6.000 туристи, а за викендите двојно повеќе. Многумина се сместуваат во камп приколки во коишто најлесно се одржува дистанца, па голем дел од туристите одлучиле да ги закупат за цела година, пишува ХРТ.
“Во Чешка не е убаво времето, а ситуацијата со коронавирусот е многу лоша. Не ѝ веруваме на нашата влада и остануваме овде бидејќи е сигурно“, вели една туриститка од Чешка.
Многу од гостите ги закупиле парцелите за цела зима. Бидејќи по пандемијата границите полека почнаа да се отвораат, најчесто гости за време на викендите во Истра се од Словенија и другите европски земји.
“Изнајмивме парцела на шест месеци, ќе одиме и дома, но најголемиот дел од времето ќе престојуваме тука. Првпат ќе го дочекам Божик во Пула“, вели турист од Германија.
Во време кога завршува сезоната, вообичаено се зголемува бројот на конгреси, но поради пандемијата, туристичките работници од овој дел на Хрватска се надеваат на камперите и вон сезона.
Фото: Freepik











