Под мотото Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди, денеска ќе биде промовиран новиот лик на GS1 Каталогот, што е комплетно усогласен со новите правила поврзани со информациите за храната и ЕУ-регулативата 1169/2011, пишува Миа.
На промоцијата на каталогот, која е во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претседател на Управниот одбор на GS1 Македонија Симон Наумоски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.