Топлото време што ја зафати Македонија позитивно се одрази врз земјоделството, но, доколку температурите се намалат, можни се проблеми во овоштарството, лозарството, градинарството, поледелството и пчеларството поради измрзнување
Работодавачите во земјава ќе бидат ослободени од плаќањето социјални придонеси, доколку вработат млади лица до 29-годишна возраст.
Инвестицијата е вредна 6 милиони евра и ќе вработува 300 лица. Заедно со американската компанија Анфенол која ќе произведува електотехника и електроника за извоз, тоа се моментно двете странски инвестиции во Кочани.
Во Куманово е отворена канцеларија на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој, една од осумте низ државата.
На бензинските станици на Макпетрол од неодамна во продажба е пуштено новото премиум дизел гориво Ultra Diesel Power Jet кое е надградба на досегашното Ultra Diesel Jet гориво.
Локалната самоуправа на Прилеп денеска во општинскиот центар за услуги отвори електронски шалтер преку кој граѓаните ќе добиваат информации за состојбите и промените на нивниот имот.
Во општината Кочани повторно ќе се ажурираат катастарските планови за кои се заинтересирани жителите од повеќе населени места.
Очекувањата се дека Законот ќе помогне навреме да се вршат плаќањата и да се подобри ликвидноста на стопанските субјекти, а на тој начин и на македонското стопанство во целина.
На граничниот премин Богородица денеска почнаа градежните активности за реконструкција на управната зграда и придружните објекти во рамки на проектот Развој на граничната инфраструктура помеѓу Република Македонија и Република Грција
Бугарската компанија Филкаб е новата инвестиција од 3,5 милиони евра во производствен капацитет за електро материјали кој ќе отвори 100 работни места.
И овој викенд се предвидени работилници и забавни игри за децата. Ќе се изработуваат слатки од разни материјали, а за најмалите ќе биде организирана Слатка меморија, игра во која може да добијат безброј слатки награди.
Градежни активности за изградба на нов автопат Миладиновци - Штип ќе почнат денеска со поставување камен-темелник на местото Три чешми, Штипско.
Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок со кој практично се прошири периодот на опфат на невработените лица почнува да се применува од денеска.
Новата странска инвестиција, британската Ендава ИКТ компанија со седиште во Лондон, за развивање софтвери, во Република Македонија ќе отвори нови 450 работни места во наредните три до четири години, а во првата фаза ќе инвестира над два милиони евра.
Македонската компанија Макпрогрес објави дека инвестирала 3 милиони евра во 2013 година во два нови производни погони за кондиторски производи во Виница. Компанијата со новите инвестиции креирала 80 нови вработувања.
Министерството за финансии им исплатило 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури.
Германија е трговски партнер број еден на Македонија веќе подолг период. Минатата година беше трет најголем инвеститор во Македонија и би сакале да направиме нешто Германија да дојде на првата позиција
Целта е да се доближи принципот на долгорочно планирање и посилна вертикална интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук, како и стабилизирање и сигурно снабдување на суровина за преработувачите.
Во центарот на Скопје, пред продажното место МПМ ПРЕС, е поставен нов пункт каде граѓаните можат да ги оставаат ковертите наменети за наградната игра Фискална во рака - награди без мака, и да вршат уплата за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.
Основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што ХАЦЦП системот пофлексибилно се имплементира
Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија ЕВН Групацијата ја презентира новата компанија за снабдување ЕВН Снабдување, која веќе поседува лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика.
Цената за разговор на национално и на локално ниво во фиксната телефонија преку Македонски телеком од 1 март се изедначува и ќе изнесува еден денар.
Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме се петте дестинации каде што во минатата година најмногу патувале македонските граѓани од скопскиот аеродром Александар Велики.
Претставници на Хидробиолошкиот завод во Охрид и на министерството за животна средина на Македонија, Албанија и на Црна Гора во Тирана разговараат за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен.