Преку донации од компанијата, индивидуалните донации од граѓаните, организации и компании го опреми интензивниот оддел со нов инкубатор, бејби терм, како и сервисирање и оспособување на постоечките инкубатори, аспиратори и перфусори.
Проектот за кој Усје го доби годинешното највисоко национално признание за општествено одговорно делување ги верификува напорите на компанијата во натамошно намалување на емисиите на азотни оксиди (NOx) во воздухот.
Трговскиот го означува преку три големи проекти: комплетирање на реновирањето на трговскиот – проект вреден 2,5 милиони евра, ребрендирање односно менување на визуелниот изглед на логото на Рамстор и големата наградна игра Од срце Audi Q3
По повод отпочнувањето на Cloud Академиите на NewMan's Бизнис Акцелераторот 2015/16 на 20-ти октомври се одржа свечено отворање на академијата и обраќање на еден од најеминентните лица во светското претприемништво, Гери Вајтхил.
Со донацијата која што беше поддржана од граѓаните - потрошувачите во ланецот на Жито Маркети и конзументите на Кожувчанка, Клиниката ќе добие нови апарати за дезинфекција на раце.
По повод започнувањето со работа на Brainster, би сакале на сите читатели да им овозможиме посебна прилика за учество на било кој од курсевите со попуст од 20%. Купонот за попуст може да се искористи до 26 октомври.
Вкупно 67 компании од различни сектори брои новоформираната Комора на индустријалци и стопанственици на Република Македонија (МИБА) која од денеска и официјално почнува со работа.
ФИНКИ на сите студенти и професори им обезбедува бесплатна верзија на Microsoft Office 365 ProPlus.
Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуални земјоделци, верски службени лица или државни институции можат да поднесат барање за отпис на камати најдоцна до 31 декември.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачка индустрија во септември 2015 година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец.
Компанијата се занимава со производство на текстилна заштитна облека, а во општина Илинден ќе гради фабрика на површина од 4.500 метри квадратни.
Акционерското друштво Мода од Свети Николе, во период од 01.01. до 30.09. оствари загуба од редовно работење пред оданочување во висина од 24.139.000 денари.
Пристап до широкопојасен интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93,5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На почетокот таа ќе згрижува шеесетина деца, со можност за проширување на капацитетите во идниот период.
Промотивните услови важат за сите нови апликации за кредит до 31 јануари 2016 година.
Италијанскиот е четврт јазик по употреба во светот и го говорат околу 70 милиони луѓе како примарен. Во меѓународното училиште од ова полугодие ќе се изучува во својата изворна форма.
УАКС се стреми да обезбеди квалитет во високото образование со комбинирање на најдобрите европски и американски образовни стандарди.
Резултатите од работењето на новиот ентитет оне.Вип ДОО Скопје ќе бидат внесени во извештаите на Телеком Австрија Групацијата во четвртиот квартал од 2015 година.
Благодарение на технолошкиот напредок полесно се стигнува до ресурси, со само еден клик достапни се илјадници содржини за одредена тема.
Извозот од зоните во 2014 година беше за 52% поголем во однос на извозот во 2013 година, а според проценките, на среден рок, треба да се очекува извоз од околу две милијарди евра.
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад МаСВА, на 21 октомври во Скопје ќе одржи годишна конференција под наслов Користење на отпад како инвестициска можност во Македонија.
В сабота кон недела по полноќ (од 24-ти кон 25-ти октомври) започнува зимското сметање на времето. Според тоа, стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.
Македонско - турската компанија со седиште во Скопје Еуро Бинк е новиот сопственик на фабриката за цигли Киро Ќучук во Велес, одлучија 96,3% од доверителите со право на глас за фабриката.
Грција е меѓу петте најзначајни надворешно - трговски партнери на Македонија. Вкупната трговска размена со Грција во првите осум месеци од годинава достигна вредност од 397 милиони евра.











