УЈП: Поднесете барање за отпис на камати од социјални придонеси до крајот на годината

26

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите граѓани на можноста за поднесување на барање за отпис на камата за социјални придонеси, а крајниот рок е до крајот на годината.

“Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуални земјоделци, верски службени лица или државни институции (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат барање за отпис на камати до Управата за јавни приходи најдоцна до 31 декември 2015 година“, се вели во соопштението.

Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање за отпис по основ на достасани обврски за социјални придонеси кои настанале во период од јануари 2009 година заклучно со декември 2014година, кои се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто плата и не се платени на денот на поднесување на барањето.