Новости

ЕЦБ од ноември 2014 година директно ги надгледува најголемите банки и банкарски групи во еврозоната, а во моментов тоа се 115 институции во 19-члената валутна заедница, што претставува речиси 82 % од пазарот.
Миодраг Костиќ не крие дека Ворен Бафет со неговата филозофија му е бизнис гуру, а Ричард Брансон го ценел поради начинот на живот.
Модната куќа сега се подготвува за претстојната септемвриска ревија, на која ќе ја претстават својата колекција за пролет/ лето 2021 година, а ревијата ќе биде на отворено.
Некои земји, вклучително и Велика Британија, Франција, Германија и САД, веќе нарачале стотици милиони дози пред да се докаже дека вакцините делуваат.
Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис, организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно пет грантови по 4.000 евра.
Како што наведоа, во тој временски период оптимално очекувале 30 пријави, меѓутоа оваа висока цифра е показател каква е ситуацијата во Велика Британија. Она што забележале се пријавиле и висококвалификувани работници од други струки.
Во прва година се запишани 11 девојки кои по четиригодишното образование ќе бидат квалификувани возачи на автобуси и тешки камиони.
Во текот на третото тримесечје, банките очекуваат нето зголемување на кредитната побарувачка од страна на компаниите.
Тој сегмент е најпрофитабилен за авиокомпаниите, бидејќи компаниите беа подготвени да платат неколку илјади долари за last-minute билети за прекуокеански летови.
Економистите, во очекување на прелиминарните податоци за БДП во второто тримесечје, проектираат двоцифрен пад на економијата
Руските банки што инвестирале во Агрокор ја сфаќаат важноста на Меркатор за словенечката економија и важноста на Меркатор како голем купувач за словенечките добавувачи.
Пазарната капитализација на Saudi Aramco пак е недостижна – компанијата вреди 1,75 билиони долари. 
Банката пресметува редовна камата на недоспеаниот долг.
На увоз на авокадо, Америка лани потроши 2,9 милијарди долари.
Весникот наведува дека Пичаи сака особено да им помогне на работниците што мора да се грижат за децата затоа што е неизвесно дали училиштата ќе бидат отворени.
Компјутерскиот центар на Amazon ќе биде лоциран во Даблин. Компанијата е присутна во Ирска повеќе од 15 години.
Во првата половина на август ќе може земјата да отвори за крузери.
За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.
Бидејќи сите тројца научници имаат удел во компанијата, тие практично станаа милионери преку ноќ, така што 0,56% од акциите на Ѓукановиќ сега вредат околу 1,75 милиони евра.
При вработување на работници за одредени занимања, работодавачите ја нагласуваат потребата од кадар со работно искуство.
Навиките е извесно дека ќе се менуваат и за учениците и за студентите и за работниците. Состаноците можеби трајно ќе се одржуваат преку апликациите на Facebook, Zoom, Google...
Францускиот производител Renault има причини за задоволство бидејќи електричниот градски автомобил Zoe е најпродаваниот EV (electric vehicle) во Европа.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 59,50 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 61,50 денари за литар.