Со поставување на ХР стандарди, ќе стане многу појасно кои знаења, вештини и компетенции треба да ги поседуваат лицата вработени во одделите за управување со човечки ресурси, за да можат да ефикасно и ефективно да ја работат оваа професија.
Нема лоши вработени, туку има лош менаџмент. Добри менаџери не се купуваат, туку се создаваат од своите редови, затоа е потребно да се вложува во своите вработени во разни едукации.
Луѓето ви се суштински фактор ако сакате да зборувате за успешен бизнис. Да, квалитетен производ ви треба, но квалитетен производ не можете да измислите ако немате луѓе”, рече Поликарп Арсеновски, регионален менаџер на претставништвото Wrigley.