За директорот на Диамед Македонија, Вера Иванова, изминатите четири години биле сериозен предизвик да се подобри стандардот и условите за лекување на пациентите со бубрежни заболувања.
VIVAX Fly V1 е опремен со бројни корисни и тренди опции како Face ID функции за отклучување на уредот преку препознавање на лицето на сопственикот, читач на отпечатоци на прсти, Split Screen поделба на екранот на два дела за симултана работа на повеќе апликации, екран кој функционира и со ракавици.
Family Share е достапна за сите нови и постојни корисници на новиот Magenta 1 M и Magenta 1 L мобилни тарифи.
По деталната проверка на инсталацијата, судијата на Гинисовите рекорди и официјално потврди дека се работи за најголемиот билборд во светот, кој го надмина претходниот рекорд во Дахран, Саудиска Арабија, за 241,93 м2.
ЕОЅ денес е препознатлив интернационален бренд, со седиште во Хамбург кој обезбедува услуги специјализирани во три области: Наплата на долгови, Откуп на доспеани побарувања и Комплетно преземање на процеси.
Граѓаните можат да одберат во зависност од потребите на семејството ОСНОВЕН, КОМФОРТ или ПРЕМИУМ пакет за семејно приватно здравствено осигурување, со редовна цена од 1.800, 2.000 и 3.350 денари месечно, соодветно на пакетот, а со една полиса се опфатени сите членови на семејството.
Престижните награди за квалитет Стоби ги доби во конкуренција на повеќе од 6.700 вина на производители од целиот свет, а одлуката ја донесе меѓународно жири сочинето од висококвалификувани судии – дегустатори, односно енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.
Со оваа Програма, малите и средни компании ќе имаат можност да добијат 30% поврат на средства направени во инвестиции за градење на нови хали, купување машини и други основни средства, а доколку прават инвестиции за развивање на нови производи, државата ќе изврши поврат од 70% од направените инвестиции за развивање на новите производи.
Од Институтот за нуклерни науки Винча повеќе од 40 години работат на стеризилација на медицински садови и конзервација на храна со јонизирачко зрачење.
Најмногу порасна продажбата на пијалоците, дистрибуцијата во Хрватска и пазарот Русија.
Како и секогаш, поради отворањето на новата локација ќе биде обезбеден специјален попуст на целиот асортиман кој ќе трае од од 01.03.2018 до 03.03.2018 година.
Селекцијата на кандидатите започнува на 1ви Март, а групата ќе биде составена од 15-те најдобри учесници.
ЛУКОИЛ Македонија опреми четири детски градинки со прочистувачи за воздух во општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и Карпош
Маските ќе бидат изработени од пластичен отпад што е уште еден чекор кон почиста животна средина. На базните станици на Телеком ќе се постават сензори, коишто ќе го мерат загадувањето.
Платформата SYNC AppLink на Ford им овозможува на возачите да ги користат поврзаните апликации од нивниот паметен телефон на интегрираниот екран во автомобилот преку напредни контроли управувани со гласот или со пак воланот.
Според правилата, право на учество во наградната игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитните картички Маестро и Мастеркард стандард дебит, со кои што требаше да се направат најмалку 20 трансакции.
Претставувањето на винаријата Стоби на Продекспо го одржа тимот на винаријата од Македонија во соработка со долгогодишниот дистрибутер на вината Стоби на рускиот пазар, компанијата Браво трејд.
На 19-тата манифестација “Најуспешни битолчани“ што се одржа синоќа во Битола, покрај наградените од овој град, наградата за општествена одговорност за континуирана поддршка на граѓаните и заедницата, отиде во рацете на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач на истоимената фондација и генерален директор на Адора инженеринг, препознатлив по филантропските активности.
Вкупната нето добивка изнесува 1,381 милион денари и е зголемена за 33,3% во споредба со истиот период од претходната година.
Секој што ќе го положи испитот и ќе се сертифицира, го потврдува своето знаење и вештини за разните компјутерски и мрежни безбедносни закани, како кражба на идентитет, измама со кредитни картички, онлајн банкарски фишинг измами, вируси, електронски пораки со измами, загуба на доверливи информации, хакерски напади и сл
Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.
Нивниот повик и заложба е пример кој може да го следат не само учениците и децата туку и секое семејство, бидејќи процесот на изработка е едноставен, а ќе ви овозможи да поминете квалитетно и забавно попладне со вашите деца при тоа учејќи ги за важноста за рециклирање и колку многу корисни работи може да се направат од амбалажниот отпад.
Тој ќе биде говорник вториот ден од форумот во рамките на Панел 3 на тема “Западен Балкан – предизвици: Регионална економска област“.
Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година со предавања за децата на вработените и нивните соученици на возраст од 9 до 12 години во просториите на Вип.











