Нова апликација за возачите на Ford за побезбедно возење

20

На светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона, Ford најави дека популарната апликација за навигација и сообраќај Waze од април 2018 ќе биде достапна глобално, за сите сопственици на Ford. Со платформата SYNC 3 AppLink, возачите можат безбедно да пристапат до нивните омилени апликации, без притоа да го тргнат погледот од патот или рацете од воланот.

Платформата SYNC AppLink на Ford им овозможува на возачите да ги користат поврзаните апликации од нивниот паметен телефон на интегрираниот екран во автомобилот преку напредни контроли управувани со гласот или со пак воланот.

Со повеќе од 100 милиони активни корисници, Waze е најголемата апликација за навигација базирана на заедница, помагајќи им на возачите ширум светот да го надмудрат сообраќајот. Соработка со Ford прво беше најавена на СЕЅ (The International Consumer Electronics Show) и истата подразбира дека корисниците на Apple iPhone ќе имаат можност да ја проектираат апликацијата Waze од нивниот паметен телефон на големиот екран во автомобилот. Ford инаку веќе ја нуди мобилната апликација за навигација Sygic преку AppLink платформата и SYNC 3 навигацискиот систем со FordPass Live Traffic.

Waze веќе го користат 100 милиони возачи, а сега и возачите на Ford ќе имаат можност безбедно да пристапат до нашата апликација додека се во движење, и тоа преку екранот во нивниот автомобил. Дополнително, во Барселона Ford најави дека на нивните возачи ќе им биде достапна и мобилната апликација од аудио подкастот Acast. Ова овозможува офлајн преземања и интелигентни препораки за подкаст којшто најдобро би се вклопил во патувањето, врз основа на анализа на моторот и должината на патувањето. Acast инаку беше еден од победниците на AppLink предизвикот Make it Driveable на Ford во 2017 во Париз – настан кој им помага на компаниите да развијат идеи кои го прават патувањето подобро.

Покрај ова, Ford најави дека преку AppLink наскоро ќе бидат достапни и апликациите BPme (за пронаоѓање бензински станици и плаќање од автомобил), Radioplayer (за поврзување со омилените радио станици и подкасти) и Cisco WebEx (за безбедно приклучување на бизнис состаноци во движење).