Атлантик Група со рекорден раст, најпродавани – пијалоците

50

slФото: Atlantic

Хрватската Атлантик Група оствари вкупни приходи од продажба од 711 милиони евра во 2017 година, што претставува зголемување од 3,9% во однос на претходната година. Добивката пред камати, оданочување и амортизација изнесува 78 милиони евра, што претставува зголемување од 22,7%, а нето-добивката по малцински интереси се зголеми за 69,2%, на 37 милиони евра. Исклучителни резултати се постигнати кај сопствените брендови и дистрибуциското работење.

Забележан е раст на сите најголеми пазари на Атлантик Група, и за прв пат на крајот на 2017 година, и покрај предизвиците, објавени се корекции на очекувањата за профитабилноста која регистрираше раст.

Помеѓу брендовите коишто забележаа раст се истакнуваат: Аргета и Донат Мг во Хрватска и Србија, Баркафе и Цедевита во каналот ХоРеКа, Кала, Калничка и Штарк во Хрватска и Мултивита и Донат Мг во Русија. Сите клучни брендови ги зголемија или задржаа пазарните удели, а Аргета, по Австрија минатата година, стана лидер на пазарот и во Швајцарија.

Белгиската компанија Аминолабс ги презеде фабриките во германскиот град Блекеде и Нова Градишка со трансакција од 27 милиони евра, со нето добивка од речиси девет милиони евра. Првиот квартал од 2017 година е обележан со напорите за стабилизирање на Агрокор, којшто е најголемиот регионален малопродажен партнер на Атлантик Група. Иако приходите од продажбата на Агрокор паднаа повеќе од 15% во споредба со 2016 година, падот е компнезиран со растот во продажбата на останатите купувачи, па така, минатата година на пазарите во Србија, Хрватска и Словенија е постигнат пораст од дури 5,1%.

Со новите договори за дистрибуција на најголемите пазари, со Ред Бул во Србија (во вредност од 5 милиони евра) и компанијата Марс во Хрватска (во вредност од 13 милиони евра), е потврда за ширењето на бизнисот со дистрибуција, како дел од долгорочната бизнис стратегија. На крајот на годината, Атлантик Група, исто така, започна со производство на деликатесните намази Аргета во САД, со амбициозен план за првично освојување на етно сегментот на овој пазар.

Најмногу пораснаа пијалоците, дистрибуцијата во Хрватска и пазарот Русија.

На вкупниот раст на продажбата од Атлантик Група во 2017 година најмногу влијаеа Стратешките бизнис области: Пијалоци со раст од 7,3% потоа Деликатесни намази и Здравје и нега со раст кај секоја од 7%. Во растот на дистрибутивните области се истакнуваат Стратешката дистрибутивна област Хрватска (6,9%) и Стратешката дистрибутивна област Србија (3,0%). Кафето со учество од 20,7% во вкупните приходи се издвојува како најголема поединечна категорија со 147 милиони евра приходи од продажба. Меѓу пазарите со најголема стапка од 23,1% е растот на рускиот пазар и ЗНД земјите, додека во хрватскиот регион е забележан раст од 7,5% и 3,5% во Србија.