Kaufland продава хамбургери од инсекти

7

Фото: Pixabay

Германскиот синџир на хипермаркети, Kaufland на потрошувачите им нуди хамбургери што содржат црви, пишува Esmmagazine.

Овие бургери ги произведува компанијата Bold Foods, а содржат протеини во прав од црви од биволи. Бургерите од инсекти, како што се наведува, се богати со протеини и претставуваат одржлива алтернатива на хамбургерите со говедско месо, бидејќи црвите трошат многу малку вода и испуштаат многу мала количина на јаглерод диоксид. Исто така, обезбедуваат и хранливи материи, како што се витамин Б и омега 3 масни киселини.

Ова не е прв пат да се споменуваат и да се најдат во продажба храна направена од инсекти.