Ќе има ли предновогодишна шопинг “хистерија“ годинава?

34

Шопинг центрите во светот ја исчекуваат сезоната во којашто луѓето купуваат подароци и најразлични производи за новогодишните празници. Оваа ќе биде многу поинаква и поразлична од сите претходни поради пандемијата.

Првата пречка е тоа што луѓето се плашат да влегуваат продавници и молови поради ширење на коронавирусот. Тука е и ограничување на движењето, што како мерка ја донесоа многу земји во европа, што дополнително ќе го намали приливот на странски гости по трговските центри

Луксузните брендови вложуваат големи напори за да привлечат повеќе потрошувачи, гарантирајќи строги мерки за безбедност при купување во нивните продавници. Ги украсуваат излозите и продавниците со божикни украси со цел да привлечат повеќе потрошувачи. Cartier и Chanel оваа година одлучија многу порано да почнат со украсување на нивните продавници и порано да ја отворат сезоната за купување.

Бројни шопинг центри полагаа надеж во странски гости кои беа великодушни додека купуваа, но сега се задржуваат во сопствената земја и купуваат од локални продавници.

Хонгконг, што важи за мека за туристи и  вљубеници во шопингот, уште пред избивање на пандемијата го загуби својот сјај, па многу од луѓето со подлабок џеб не доаѓаа таму на шопинг. Главна причина за тоа беа протестите, а потоа и пандемијата. Tissot, Prada и Victoria Secret, коишто имаа свои продавници во оваа град – држава, решија да им става катанци на вратите.

И многу американски градови, меѓу кои и Њујорк, ќе имаат тешка предновогодишна сезона, бидејќи и таму пандемијата зададе силен удар, но имаа и бурно лето, пред сè поради убиството на Џорџ Флојд, а тука беа и неизбежните претседателски избори.