Ќе има ли виенската филхармонија новогодишен концерт?

165

Секој први јануари во 11:15 часот светот се воодушевува на звуците од виенската филхармонија, а Златната сала на Виенското музичко друштво (Wiener Musiкverein) е преполна со публика која ужива во одбрани дела од династијата Штраус.

Многумина вљубеници во класичната музика се прашуваат дали оваа година ќе се одржи новогодишниот концерт? И покрај актуелната состојба со пандемијата, концертот би требало да се одржи, но не се знае дали ќе има публика во салата.

По шести пат, виенската филхармонија ќе биде под диригентската палка на Рикардо Мути.

Првиот новогодишен концерт е изведен на 31-ви декември 1939 година под диригентската палка на Клеменс Краус. Од први јануари 1941 година, концертот се изведува од 11:15 часот во првиот ден од новата година.

Фото: Facebook