Ќе остане ли светот без пчели?

122

Таканаречениот климатски хаос предизвикува драстичен пад на бројот на пчели ширум светот, предупредуваат експертите.

Веројатноста да се пронајдат пчели на било кое место во Европа и Северна Америка е намалена за една третина во споредба со 70-тите години на минатиот век, покажуваат истражувањата, пренесува ВВС.

Се верува дека порастот на температурите ќе предизвикаат многу поголем пад на бројот на пчели од она што се претпоставува. Без пчелите, повеќе е од јасно, дека драстично ќе се намалат приносите, светот ќе остане без храна, а во прашање се става и опстанокот на целото човештво.

Претходните истражувања покажале дека пчелите ќе се “селат“ кон северните делови на Европа и Северна Америка, поради последиците што ги оставаат климатските промени.

Пчелите најмногу се погодени во јужните делови како што се Шпанија и Мексико поради зголемениот број на топли денови. Популацијата на пчели се проширува кон студените северни региони, но тоа не е доволно да се надоместат загубите во нивниот вкупен број.

Се верува дека во светот постојат околу 250 видови на пчели. Според експертите, бројот на пчели е забележан во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија, а е предизвикан од користење на најразлични пестициди.

Фото: Pexels