КХВ издаде одобрение за продажба на сопствени акции преку приватна понуда на ДГ Бетон

62

komisija za hartii od vrednost

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 57-та седница на Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда.

Предмет на продажба се 2.751 сопствени обични акции со номинална вредност по акција од 255,65 евра и продажна вредност по акција од 4.200 денари. Вкупната продажна вредност на сопствените акции е 11.554.200 денари.

Приватната понуда е упатена за познатиот купувач – правното лице РЖ Техничка Контрола АД Скопје.

Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 5,04% од основната главнина на ДГ Бетон  АД Скопје.