КХВ ја одобри втората емисија на акции на Арцелормиттал (ЦРМ)

55

komisija za hartii od vrednost

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 53-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ, Елизабета Чингаровска, на Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје му ја одобри втората емисија на акции по пат на јавна понуда.

Станува збор за 13.630.537 обични акции со вкупна продажна вредност на емисијата од 69.826.533 евра. При запишувањето на акциите и нивната распределба ќе се применува моделот на фиксна цена со примена на принципот на приоритет на поголема количина и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот. Постапката на запишување на акциите ќе се врши преку Македонската берза АД Скопје. Втората емисија на акции на Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје се врши по пат на јавна понуда со цел зголемување на основниот капитал на друштвото и обезбедување на парични средства за враќање на веќе земен кредит.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за  именување на двајца директори и тоа: Михајло Брова Зиков и во наредните шест години да биде директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на Комерцијална банка АД Скопје, а Томо Томовски директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје до мај, 2017 година.