КХВ: Нова осигурување издава 300.000 обични акции по пат на приватна понуда

23

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое на Друштвото за осигурување Нова осигурување АД Скопје му даде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 300.000 обични акции, со вкупна вредност на емисијата од 3.000.000 евра. Четвртата емисија на акции , Нова осигурување АД Скопје ја врши заради зголемување на основната главнина на друштвото во согласност со Законот за супервизија на осигурување. Купувач на сите 300.000 обични акции е Халк банка АД Скопје како институционален инвеститор.

На 21–та седница, КХВ даде согласност Андреј Богдановски и во наредните четири години да биде директор на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје. Мандатот на старо новиот директор е до 13-ти декември, 2022 година.

Исто така, КХВ издаде една дозвола за инвестициски советник , а обнови една лиценца за работење на брокер.