КХВ: Steiermerkische Bank und Sparkassen AG доби дозвола за преземање на Охридска банка 

63

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 40-тата седница на Steiermerkische Bank und Sparkassen AG од Грац, Австрија, ѝ издаде дозвола за давање понуда за преземање на Охридска банка АД Скопје.

Понудата, како што се наведува, се однесува на сите 516.350 обични акции со право на глас издадени од Охридска банка АД Скопје. Преземачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 6.298,79 денари по акција. Понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 384.844 обични акции кои претставуваат 74,53% од вкупниот број издадени акции од Охридска банка АД Скопје.

Steiermerkische Bank und Sparkassen AG од Грац, Австрија согласно Законот за банки од страна на Народната банка на Република Северна Македонија има добиено претходна согласност за стекнување на над 75% од вкупниот број на издадени акции со право на глас во Охридска банка АД Скопје. К

ХВ, на седницата што се одржа на 20-ти септември одлучи приватниот инвестициски фонд Румелиа да се запише во Регистарот на приватни фондови што го води Комисијата. Согласно Законот за инвестициски фондови, Комисијата не го одобрува основањето на приватните фондови, ниту пак врши контрола и надзор на нивната работа.

Фото: Pixabay