КИБС доби одобрение за 11-та емисија на долгорочни хартии од вредност

19

Комисијата за хартии од вредност на Македонија на 45-тата седница на Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) му даде одобрение да издаде 11-та емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 4.876 обични акции во вкупен износ од 48.760.000 денари.

Како што соопшти КХВ, 11-тата емисија на акции е наменета за познати купувачи – акционерите на друштвото.

Оваа емисија на акции се врши од средства на друштвото по основ на исплата на дивиденда во акции на акционерите на КИБС АД Скопје и тоа сразмерно на нивното учество во основната главнина на друштвото.