Кина доби уште еден милијардер

87

Кина, којашто е вториот најголем “дом“ на милијардери во светот, доби уште еден богаташ чија сметка “тежи“ повеќе од милијарда долари.

Станува збор за милијардер што доаѓа од редовите на козметичката индустрија. Акциите на Proya Cosmetics, со коишто се тргува на шангајската берза, на крајот на јануари забележаа рекордно ниво. Со тоа, според магазинот Forbes, претседателот на компанијата Хоу Јунгченг, влезе во друштвото на најбогатите луѓе во светот. Акциите на компанијата достигнаа вредност од 108,94 јуани, со што личното богатство на првиот човек на Proya Cosmetics се зголеми на 7,9 милијарди јуани или 1,2 милијарди долари.

Педесет и шестгодишниот Јунченг ја основаше компанијата во 2006-та година. Во текот на 90-тите години од минатиот век, беше дистрибутер на повеќе кинески козметички брендови со што ги постави темелите за продажба на својот бренд.

Фото: Pexels