Кина го лансира првиот 6G сателит

65

Кина успешно го лансираше првиот 6G сателит во вселената за да ја тестира технологијата.

Други 12 сателити беа лансирани од Центарот за лансирање сателити Таијуан во провинцијата Шанкси, пренесе BBC.

Ќе се тестира технологијата со огромна брзина, која ќе биде еден од основните елементи на комуникациите од шестата генерација.

Сателитот, исто така, носи технологија што треба да се користи за следење на уништување на посевите и спречување на шумски пожари.

Сателитот 6G беше меѓу трите кинески сателити кои беа успешно лансирани во орбитата, заедно со 10 комерцијални сателити за далечинско читање, развиени од аргентинската компанија Satelogic.

Фото: Pixabay