Кина го зголемува данокот за австралиските вина за 212%

42

Кина од утре ќе го зголеми данокот за австралиските вина за 212%. Министерот за економија на Кина вели дека станува збор за привремени антидампинг давачки, со цел да се запре неконтролираниот увоз на австралиски вина.

Даноците ќе се зголемат од 107 на 212%, што ќе доведе до зголемување на трговските тензии меѓу двете земји. Во последните месеци, Пекинг веќе ги зголеми даноците за австралискиот јаглен, шеќер, јачмен и јастог.

Кина е најголем увозник на австралиски вина, со учество од околу 39% во првите девет месеци од 2020 година.

Фото: Pixabay