Кина лидер во потрошувачка на електрична енергија

Годишно во светот се троши повеќе од 21,776 илјади милијарди kWh електрична енергија. Анализата на The World Factbook, на CIA, покажува дека Кина е лидер во потрошувачката на овој вид на енергија со 5,564 илјади милијарди kWh годишно.

На листата подолу се десетте земји со најголема потрошувачка на електрична енергија на годишно ниво:

  1. Кина – 5,564 илјади милијарди kWh
  2. САД – 3,902 илјади милијарди kWh
  3. Индија – 1,137 илјади милијарди kWh
  4. Јапонија – 943,7 милијарди kWh
  5. Русија – 909,6 милијарди kWh
  6. Германија – 536,5 милијарди kWh
  7. Канада – 522,2 милијарди kWh
  8. Бразил – 509,1 милијарди  kWh
  9. Јужна Кореја – 507,6 милијарди kWh
  10. Франција – 450,8 милијарди kWh

Нашата земја според оваа анализа се наоѓа на 112-то место по потрошувачка на електрична енергија во светот со 6,42 милијарди киловат часови годишно.

Фото: Pexels