Кина: Мобилна, јавна библиотека за деца

33

Двајца кинески дизајнери создадоа мобилна библиотека за деца од стари велосипеди, делови од автомобили и еколошки даски.

Целта на дизајнерите е да се искористи отпадот, да му се даде нова вредност на еден креативен и уметнички начин, пишува Arch Daily

Велосипедот за таа цел е претворен во трицикл, дополнет со полици и разни детски книги, а за да се заштитат истите одозгора се монтирани алуминиумски крилја. На овој начин мобилната библиотека потсетува на бубамара, инсект којшто децата го сакаат.

На полиците децата можат и да седнат додека ги читаат книгите, а “бубамарата“ може да се трансформира според потребите на корисниците.

Фото:Luo Studios