Кина најголем извозник на накит

32

Во 2018 година, извозот на накит во светски рамки достигна 103,2 милијарди долари. Сепак, гледано години наназад побарувачката на накит е во опаѓање.

Гледано по континенти, Азија е на прво место со 58,8 милијарди долари заработка лани или 57% од вкупниот извоз. Следува Европа со 31,5%, па Северна Америка со 10,3%.

Кина е лидер во извоз на накит, а топ десет извозници се следниве земји:

  1. Кина – 13,3 милијарди долари (12,9% од вкупниот извоз)
  2. Индија – 12,4 милијарди долари (12%)
  3. Швајцарија – 11,8 милијарди долари (11,4%)
  4. САД – 9,9 милијарди долари (9,6%)
  5. Обединети Арапски Емирати – 8,6 милијарди долари (8,3%)
  6. Хонг Конг – 7,1 милијарда долари (6,9%)
  7. Италија – 7,1 милијарда долари (6,8%)
  8. Франција – 5,8 милијарди долари (5,6%)
  9. САД – 4,4 милијарди долари (4,3%)
  10. Tурција – 4,4 милијарди долари (4,3%)

Од земјите во регионот, Турција е најдобро пласирана на 10-то место, Грција е на 46-то место, Бугарија е 56-та, Словенија 71-ва, Србија е на 79-то место, Хрватска е 88-ма, Албанија 89-та, додека БиХ е на 99-то место. Нашата земја воопшто ја нема на листата.

Фото: Pixabay