Кина очекува 200 милиони патувања за првомајските празници

30

Според анализата на кинеските онлајн туристички агенции, се очекува во Кина да има 200 милиони патувања во текот на петдневниот Меѓународен празник на трудот оваа година, што ќе го надмине нивото од времето пред пандемијата во 2019 година.

Авиобилетите од економска класа на неколку популарни линии веќе се распродадени.

Според податоците на неколку кинески туристички агенции и платформи за патувања, онлајн резервациите на авиобилетите го надминаа бројот во истиот период во 2019 година, а цената им е во просек околу 160 долари, што е двојно повеќе одошто пред пандемијата, пренесуваат тамошните медиуми.

Од Пекинг се очекува најголем број на патувањата, а меѓу најпопуларните дестинации се: Шангај, Пекинг, Сијан, Хангжу, Гуангџу…

Фото: Pexels