Кина од извоз на услуги инкасира над 266 милијарди долари

23

Кина од најразлични услуги што ги обезбедува насекаде низ светот, во 2018 година, успеа да заработи 266,8 милијарди долари, што е за 4,3% повеќе во споредба со претходната година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Извозот на услуги од Кина е повеќе од 10% од вкупниот извоз на производи на земјата во 2018 година (2.494 трилиони долари).

Најмногу заработка на Кина ѝ донесоа најразлични видови на бизнис услуги (69,9 милијарди долари). Потоа следуваат: телекомуникациски и информатички услуги (47,1 милијарда долари), транспорт (42,3 милијарди долари), патувања (39,5 милијарди долари) и градежништво (26,6 милијарди долари).

Фото: Freepik