Кина, САД и Германија заедно потрошиле 482 милијарди долари на патувања

44

Кинезите минатата година за патувања вложиле 257,7 милијарди долари што е најголема потрошена сума за туризам во светот. Земјата има популација од 1,4 милијарди жители, а она што е интересно е што Кинезите  патуваат најчесто во групи, (фамилија или пријатели). Дури 70% од нив го практикуваат тоа па не е ни чудно што се на врвот на листата.

Американците се веднаш зад Кинезите, со потрошени 135 милијарди долари на разни патувања. Иако немаат многу денови платен годишен одмор, тие сепак успеваат да потрошат големи суми на туризам. Најчесто ги посетуваат Мексико, Канада, Велика Британија, Франција, Италија и Германија. Повеќе од половина (56%) лани патувале на одмор, додека 27% биле во посета на пријатели или роднини.

Германците се трети најголеми “шетачи“ во светски рамки што минатата година ги чинело 89,1 милијарди долари. Нивни омилени дестинации се Шпанија, Италија, Австрија, Хрватска, Грција и Франција. Дури 75% од нив одат на долги одмори од 8 до 21 ден. Исто така поголем број од Германците преферираат да патуваат без деца.

Фото:Pixabay