Кина “вбризгува“ 174 милијарди долари во економијата

Кинеската централна банка ќе “вбризга“ околу 174 милијарди долари во економијата, пренесува South China Morning Post.

Како причина за таа одлука се наведува загриженоста од корона вирусот што може да остави сериозни последици по кинеската економија. Целта на мерката е зголемување на ликвидноста во земјата.

Се очекува да се врати довербата на инвеститорите, коишто скоро и ги запреа своите активности по Лунарната нова година.

Кинеската економија се соочува со сериозни последици од корона вирусот. Смртниот биланс надмина 300, а заразени се над 14.380 лица во Кина.

Фото: Pexels