Кинеска live streaming “кралица“ може да продаде што ќе посака, па дури и лансирање ракета

69

Хуанг Веј или позната на Вија е кинеска live streaming кралица што може да продаде што и да посака, пишува Bloomberg. На пример, во април, таа продала лансирање на ракета за околу 5,6 милиони долари.

Триесет и четиригодишната Вија има публика од 37 милиони корисници, што е повеќе вкупниот број на лица кои ја гледале последната епизода на Game of Thrones или Оскарите.

Секоја вечер нејзината публика порачува различни производи во вредност од неколку милиони долари, најчесто козметика, апарати за домот, храна или облека, но таа продава и куќи и автомобили.

На Денот на самците, што во Кина важи за најголем шопинг настан во годината, таа продаде производи во вредност од над три милијарди јуани или над 125 милијарди долари.

Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, порасна бројот на Кинези кои купуваат преку интернет, па така и славата на Вија рапидно порасна.

Нејзината тајна за успех лежи во тоа што прави шоу што е комбинација од интеракција со луѓе и онлајн купување.

“Јас им помагам на купувачите да донесат одлука, поради тоа морам да размислувам за нивните потреби“, вели милионерката Вија.

Таа носи спортска гардероба бидејќи смета дека така им е поблиска на луѓето кои удобно сместени во своите домови, едвај го чекаат почетокот на нејзиното шоу. Студиото на Вија е сместено во магацин во кинескиот технолошки центар Хангжоу.

Фото: YouTube / printscreen