Кинеската компанија Диди се повлекува од Њујоршката берза

56

Кинеската компанија Диди за превоз на патници на повик преку мобилна апликација најави дека ќе започне со делистирање на берзата во Њујорк и дека планира да котира на пазарот на капитал во Хонг Конг.

Одлуката доаѓа неполни шест месеци по иницијалната јавна понуда (IPO), односно дебито на кинескиот технолошки гигант на Волстрит, а компанијата наведува дека одлуката ја донеле по внимателно разгледување, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Акциите на Диди на Њујоршката берза паднаа за 44 отсто од ИПО на 30 јуни и завршија на 7,80 долари во четвртокот.
Акциите на Диди нагло потонаа минатата недела откако информациите од кинеските регулатори побараа од раководителите на компанијата да направат план за бришење од пазарот во САД поради загриженоста за протекување на чувствителни податоци.

Одлуката за напуштање на Волстрит, исто така, ги загрозува котациите на акциите на Софтбанк и Убер, кои заедно поседуваат над 30 отсто од сопственичкиот удел во Диди, според FaktSet. Акциите на Софтбанк во Јапонија утринава паднаа за 2,5 отсто.

На прашањето на Си-Ен-Би-Си во врска со планираното котирање на Диди во Хонг Конг, од таа берза одговорија дека нема да коментираат одлуки на поединечни компании, додаваат американските медиуми.