Кинески Fosun го купи брендот Thomas Cook

33

Кинеската групација Fosun tourism го купи брендот на британската туристичка компанија Thomas Cook за околу 12,7 милиони евра (11 милиони фунти).

Кинеската компанија, исто така, ќе стане сопственик и на хотелските брендови Casa Cook и Cook’s Club, пишува BBC.

Fosun беше најголемиот акционер во Thomas Cook, којшто инвестираше околу 520 милиони евра, во рамки на планот за спасување на британскиот бренд од околу една милијарда евра.

Инаку, Thomas Cook е една од најстарите туристички компании основана во 1841 година во Велика Британија.

Фото: Pixabay