Кинескиот клон на Tesla пристигна во Европа

64

Xpeng е кинески старт – ап што направи копија на Tesla, а веќе почна со испорака на електрични автомобили ширум Европа и стана една од првите кинески компании што се проширија на овој пазар.

Анри Ксиа, кој го основаше Xpeng во 2014 година, отворено признал дека на него влијаел Тesla и најавата на производителот на автомобил да ги отвори своите патенти за јавноста. Според компанијата, тие се првите кои почнале бесплатно да ја користат технологијата на Tesla.

Американскиот производител на електрични автомобили не го отвори патентот во вистинска смисла на зборот, но ветил дека нема да ги тужи компаниите коишто ќе ја користат нивната технологија за производство на електрични возила.

Според порталот Electrec, кинеската компанија направила возила што многу потсетува на Tesla, така што го нарекуваат клон на Tesla.

Во овој момент стартапот се соочува со тужба којашто Tesla ја покрена поради кражба на нивниот изворен код на автопилотот.

Досега Xpeng своите електрични возила ги испорачуваше само во Кин, каде докажувањето права од интелектуална сопственост е исклучително тешко.

Првата серија од стотина електрични Xpeng G3 веќе пристигнаа во Норвешка, од каде ќе им бидат испорачани на купувачите ширум светот.

Фото: Freepik