Кинези вложуваат 10 милиони евра во фабрика кај Пловдив

28

Фото: Cenntro Automotive Corporation

Кинескиот производител на електрични возила Cenntro Automotive Corporation и неговиот партнер, луксембуршкиот SEVIC eMobility планираат во следните три години да вложат 10 милиони евра во фабрика за монтажа на електрични комунални возила во економската зона во близина градот Пловдив, Бугарија, пишува Biznis Info.

Компаните планираат оваа фабрика да стане регионален центар не само за склопување на електрични возила, туку  и за производство на нивни делови и одржување, стои во соопштението од економската зона Тракиа, близу Пловдив.

Во фабриката ќе бидат ангажирани 150 работници кои ќе составуваат мали електрични комунални возила со капацитет до 500 кг, на коишто не им е потребна посебна станица за полнење енергија, туку директно се вклучуваат во постоечката електрична мрежа.

Инаку економската зона Тракиа работи како јавно-приватно партнерство на вкупна површина од 10,7 квадратни километри и е лоцирана во близина на вториот најголем град во Бугарија, Пловдив.