Климатизиран град – ново архитектонско чудо во Дубаи

123

mall of the world

Дубаи веќе се етаблираше како земја што ги руши границите во архитектурата и нејзините градби, како што се највисоката зградата во светот, хотелот во форма на едро и островот палма, кои оставаат без здив.

Но, тамошните архитекти не запираат тука. Неодамна беше претставен еден од најамбициозните проекти – да се изгради најголемиот шопинг центар во светот, на површина од над 700.000 метри квадратни, што е своевиден град во град и тоа целосно климатизиран.

mowt

Премиерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед бин Рашид ал Макмут, го претставил проектот Светски трговски центар, со климатизирани делови под отворено небо, тематски парк и 100 хотели, со повеќе од 20.000 соби.

motw

Mall of the world, како што е работниот наслов на овој проект, ќе биде класичен град во затворен простор, каде температурата ќе биде постојано регулирана. Во рамки на ова архитектонско здание ќе има спа центри, театри, продавници од светски брендови што ќе се протегаат во ред долг дури осум километри.

dubai mol

Овој проект има за цел од Дубаи да направи туристичка атракција во текот на целата година, па дури и во летниот период, кога температурата достигнува и до 50 степени. Во текот на зимата, куполата на овој “град“ ќе биде подигната, додека во текот на летните месеци ќе се затвора.

Најголемиот трговски центар во светот ќе се наоѓа во близина на сегашниот Трговски центар на Емиратите, каде што има затворен скијачки центар, а ќе биде близу и до највисоката зграда на светот – Бурж Калифа и соседниот Трговски центар Дубаи, кој е моментално најголем во Емиратите, каде има поставено скелет од диносаурус, лизгалиште и аквариум.

MOTW-Image-5-590x400